Кучешката тенија на вмронските ехинококи

На 20 јули ќе почне скринингот, а на десетти веќе треба да се приберат на топло некои луѓе, да се сменат директорот и уредникот на МРТВ, да се подвргне на лекарски преглед и да се отстрани од здравственополитички причини лудакот од Водно, да се консолидира парламентарното мнозинство, да се растури економската основа на злото, да се дотера судството со утврдување на одговорностите, да се деминира институционалниот систем од вмронските субверзивни направи, да се раскрсти со опортунистичката и криминална кадровска политика, да се постигне категоричен успех на референдумот.

1667

Македонецот кој мисли дека Европа ќе му го смени идентитетот ако му го извади празот од газот и  кучешката тенија на вмрото од џигерот, белите дробови и мозокот, протестира зошто не е ставен на машината за чистење уште вчера!

Замислете!

Кој нужник може да го поднесе ова просерување?

Малку му бил датумот со услов.

Вморонот сакал безусловна капитулација на Европа!

Всушност, на Македонија!

Нема ништо поодвратно од безобразлукот на немоќниот.

И неукиот, додаде на мојот статус Лина Ќостарова.

Се согласувам со неа и додавам – и од лигавата циничност на Злото.

„Македонија со владата на Зоран Заев продолжува да биде надвор од патот на Европската Унија“ (со големо „У“, н.з.) вели една од цистите на кучешката тенија на вмрото, што се одзива на името Христијан.

Каков допир со реалноста има во звукот на единствената труба што нонстоп труби  од вмронскиот џубокс?

Можна ли е политичка дебата со ехинококи?!

Кои го разбираат условниот датум како екстази за дефетизам, очај и безизлез. Како форсирано штимање на незадоволството на простата маса како материјална сила на својата антиевропска и антимакедонска мисија, како шанса за себе, за своето злосторничко постоење, за својот спас, како нова фаза на специјалната војна против Македонија, со истите средства: проста варијација на темата со предавници и патриоти во која предавниците ги обвинуваат сите други дека се предавници.

Мануфактура на злосторничка забава: Тиранска платформа, Бугарска платформа, Собраниска платформа, Грчка платформа, Европска платформа, Платформа за нафта, коски по кои се пуштаат кучињата на вмрото со идеја да ја повлечат целата нација во трката у пизду материну.

Злосторнички маскенбал

Да ти пукне пичната жила во мозокот.

Од простоќа и глупоќа и злоба, која е, просто, нестварна.

Но, не е без рационалности во себе.

Еве некои зрнца од тој расипан разум.

Одржување и по можност заострување на конфликтот на најпримитивното ниво предавници/патриоти, зашто друго ниво, реално политичко ниво, ниту знаат да конструираат, ниту, пак, друго ниво можат да разберат тие на кои им се обраќаат.

Второ, ехинококите не се борат за датум за преговорите веднаш. Тие се борат датумот да не стигне никогаш.

Нивната парада е чудовиштен злосторнички маскенбал. Дванаесет години се бореа, животот го даваа и го даваат, да протераат сè што е европско и проевропско од Македонија и како долгогодишна власт и сега како пучистичка опозиција. Затоа што убаво знаат или макар претчувствуваат, дека без Европа Македонија не може да ја има и дека, од друга страна, Европа е крај за ВМРО-ДПМНЕ. Сеедно дали ќе бидат отстранети хируршки или Македонците ќе ги исерат по обилните дози антипаразитери од бриселските веледрогерии.

Нивната врева е наштимана околу свеста дека главен услов за почетокот на преговорите е отстранување на злото од организмот на Македонија. Елиминацијата на ехинококиските цисти, затвор, не само за Груевски и уште десетина души служители на злото, туку на сите злосторници, вклучувајќи го и сегашниот лидер во својство на генерален секретар на злосторничкото здружување.

Некои велат дека препораката станала условна кога во Брисел стигнала информацијата дека Груевски ќе ја брани докторската дисертација од слобода. Тоа е, рекле во Париз, како Абделслам да брани на Сорбона докторат на тема: Политичките ефекти на различните текови меѓународен тероризмот, со посебен осврт на Франција и Белгија.

А има и такви што тврдат дека докторскиот перформанс на бившиот премиер е изведен не поради титулата, го боли него  курот за „дрто“, туку како цинична прослава на криминалот, објава на неговото присуство и супериорност, на неговата социјализираност, точно во моментот кога Унијата решаваше за датумот за Македонија.

Имаме една година да се ослободиме. Да разбереме, еднаш за секогаш, дека вмрото не е политички феномен туку антидржавен и антинационален криминал. Болест. Барањето на Европската Унија да го отстраниме е чесно барање, датумот е чесна одлука, имаме причини да се гордееме и да славиме.

Одлуката на Советот на ЕУ е како иницијација во светот на возрасните. Збогување со пилиштарството. И невиноста. Како прв секс. Откачување од заштитничките скутови на тетките. Ах, тој Гомбрович. Тоа е условниот датум за почеток на преговорите со ЕУ. Полнолетство на патникот. Светлост без која ќе заринкаше и ќе потонеше на дното на историскиот океан.

Подвиг без преседан

Од Шарената револуција, напишав на ФБ, до решението на Советот на Европската Унија, Македонија оствари подвиг без преседан во својата кратка историја. Во која речиси се е лажно освен трагиката, а и трагиката е надуена за да го сокрие фактот дека луѓето тука отсекогаш живееле над своите скромни заслуги. Подвигот се состои од совладување на неверојатниот, тажен и опасен историски контекст во кој луѓето беа оставени без сите ресурси, само со капацитетот на својата волја, љубопитство и разбудената страст да се ослободат и да се конституираат како модерна нација зашто старата веќе им ја беа изеле. Подвиг со мала помош на пријателите од меѓународната заедница. Во таа смисла тој, со сите слабости, па и свињариите што го следат, е речиси надмакедонски.

Поразените во тој подвиг се остатоци од претполитичкиот пештерски карактер на Македонците што го артикулира нивната омилена злосторничка инсталација под името ВМРО-ДПМНЕ. И нејзините сателитски исероци. Во светогледот на таа заостанатост, светот е непријателско окружување полно со опасни животни со кои Македонецот се бори со клетви и нарикачества. Тие се како солза во која им истекува целото око, целото лице и целото тело. Снимете гласови на јато лилјаци и ќе видите дека тие звучат како Моцарт во однос на Македонците од сектата на вмроните. Сè што треба да правиме е да ги згазиме како да се легнати полицајци, внимателно, малку ќе забавите, зашто има меѓу нив и дебели будали, да не си ги сјебете полуосовините, и возете за Брисел!

Еве за крај едно парче од велелепната анализа на колегата Нешовски:

Почнува европски „скрининг“ на македонското законодавство. Бидете сигурни дека ова е почеток на еден вистински пат за членство во Европската Унија, без разлика што ќе ви кажат пропагандистичките јуришници. А мислам квалификуван сум да го кажам ова, бидејќи речиси 17 години работам на оваа проблематика, прво како уредник на надворешна политика. Потоа како раководител на сектор во Секретаријатот за европски прашања, а потоа како офицер за односи со јавност во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Затоа ова денес го чувствувам како своевиден празник. Јас верувам во европската идеја за мир, прогрес и пријателство меѓу народите и во најуспешниот меѓудржавен проект во историјата на европскиот континент – Европската Унија. Колку и да звучи ова банално, сепак само идејата, иако не е целосно остварена, е цивилизациски дострел.

Така е Валентин.

На 20 јули ќе почне скринингот, а на десетти, веќе треба да се приберат на топло некои луѓе, да се сменат директорот и уредникот на МРТВ, да се подвргне на лекарски преглед и да се отстрани од здравственополитички причини лудакот од Водно, да се консолидира парламентарното мнозинство, да се растури економската основа на злото, функционално да се дотера судството, со беспардонно утврдување на одговорностите во тој сектор,  да се нонституираат нови медиуми, да се деминира институционалниот систем од вмронските експлозивни и субверзивни направи, да се  раскрсти  со опортунистичката и криминална кадровска политика, да се отвори реалната реформа на администрацијата, да се оствари економски прогрес и категоричен успех на референдумот.

П.С. Го поздравувам господинот Прибе и му честитам на среќата да не го изберат за член на МАНУ. Влезот на таков господин со толку заслуги за Македонија, во друштвото на лордовите на поразената Македонија, би било компромитантно за неговата беспрекорна кариера.

МАНУ е домино репрезентација на Северна Македонија што се натпреварува во не лути се човеку. МАНУ е збирка на извадени прагови од пругата на Македонија кон Европа, дупка на масата за снукер… академска деноминација на груевистичкото зло, шовинистичко дувло во кое, за жал, имаат пропаднато и чесни луѓе, уметници и научници. Господинот Прибе го каниме во работниот состав на кафето „Корзо“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...