Пратеникот Амди Бајрам се пожали дека не може да дојде до збор на денешната седница на која на дневен ред беа пратенички прашања. Тој беше на 16. место на листата за поставување прашања до министрите во Владата.
– Јас имам прашање до МВР и до Јавниот обвинител. Две седници се мачам да го поставам и не можам да дојдам на ред. Бидете хуманитарни, дозолете ми да поставам прашње. Па јас све ви поддржавам овде, ценете ме и вие еднаш мене. Ако сакате, па да си дадам оставка – рече Бајрам.
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, му одговори на Бајрам дека поставил прашање на претходните седници.
Освен Бајрам, дека бил на 17. место на списокот се пожали и пратеникот Зијадин Села.