Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски изрази задоволство од привлекувањето на Филипе Кутињо, кој доаѓа од Барселона за една сезона со опција за откуп.
– Ова е фантастичен играч и одлично засилување. Мислам дека нема да потрае долго за тој да се прилагоди на нашата шема и идејата за игра. Тој е тип на спортист кој може да се навикне на секоја промена без никакви проблеми – изјави Полјакот.
Кутињо треба да пристигне во Минхен утре или понеделник. Тој немаше целосна подготовка со Барселона затоа што беше вклучен во Копа Америка.
Синоќа Баерн го привлече и младиот играч од средниот ред на Менхенгладбах, Михаел Куизанс, а пред неколку дена го ангажираше и Иван Перишиќ од Интер.
Сепак, Левандовски не смета дека ова е крај на трансферите во Баерн.
– Сега можеме да бидеме задоволни од екипата, но знам дека може да се случи уште нешто – рече Лева, кој во петокот ги постигна двата гола за својот тим при ремито 2-2 со Херта (Берлин) во воведниот натпревар од сезоната во Бундеслигата.
ФОТО: EPA / Alejandro Garcia