Курц се посрамоти

5519

Австрискиот канцелар Себастијан Курц бил изложен на подсмев откако се дознало дека сликата пред која бил фотографиран е фотошопирана, и дека всушност зад него се наоѓа жена која пуши голем џоинт.

Курц бил во официјална посета на Форарлберг, каде се сретнал со гувернерот Маркус Валнер.

Двајцата се фотографирани како седат и разговараат пред слика со планински пејсаж во канцеларијата на гувернерот.

Но, корисниците на социјалните мрежи кои имаат „око соколово“ набрзо откриле дека сликата со пејсажот е лажна и дека на фотографијата е азијска жена која пуши голем џоинт.

По бројните коментари на социјалните мрежи, гуврнерот Валнер преку соопштение се извинил за фотошопирањето на сликата.

– Како што забележавте, мојот медиумски тим направи грешка. Фактот дека сликата подоцна е сменета не е во ред, но ова е воедно прв и последен пат дека грешка е напарвена од моја страна. Би сакале да се извиниме поради тоа – рекол Валнер во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...