Австрискиот канцелар Себастијан Курц е уште еден во низата европски политичари кои го честитаа ратификувањето на Договорот од Преспа.
„Денешното гласање на грчкиот Парламент за ратификување на договорот за Северна Македонија е навистина историско! Договорот им користи на луѓето од двете земји и го отвора патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ, цел што Австрија целосно ја поддржува“, напиша Курц на Твитер.
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND
Today’s vote by the Greek parliament to ratify the agreement on #NorthMacedonia is truly historic! It benefits the people of both countries and opens up #NorthMacedonia’s path to EU membership, a goal Austria supports fully.
— Sebastian Kurz (@sebastiankurz) January 25, 2019