Курц: По договорот за името, се надевам ќе следи голем чекор за Македонија

Курц вели дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори и за Србија и Црна Гора.

753

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за виенски Стандард вели дека очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција во врска со името.

– По договорот за името, се надевам и дека ќе следува голем чекор за Македонија – изјави тој.

Курц вели дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори на Србија и на Црна Гора.

Во интервјуто Курц нагласи дека Западен Балкан и ширењето на ЕУ се меѓу приоритетите за шестмесечното претседавање што Австрија го презема на 1 јули.

Курц истакна дека Австрија ја поддржува идејата за еден голем единствен економски простор на Балканот.

– Тоа не би било добро само за економскиот развој на целиот регион туку ќе биде и придонес за намалени етнички тензии- укажува Курц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...