Курцшлус на сајтот на ДИК во ек на изборна кампања

294

Веќе четири дена интернет страницата на Државната изборна комисија не е во функција, иако е во тек 11-от ден од кампањата за првиот круг од претседателските избори.

Од ДИК велат дека се прават напори денеска да се оспособи серверот, а на страницата пишува „се реконструира“.

Според официјалната информација од ДИК е дека дошло до краток спој во електричната инсталација, а поради тоа се оштетил УПС во систем-салата и серверот,  на кој е веб страницата на ДИК.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...