Курто Дудуш не може да се помири со пресудата

1464

Шест дена откако градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ја доби  пресудата – судска опомена од судијата Ѓоко Ристов од Кривичниот суд по приватната тужба од тужителот Демир Исмаил, во која тој беше обвинет за нанесување на телесна повреда, Дудуш се огласи на Твитер. Иако тогаш и му се извини, Курто денеска преку  социјалната мрежа го навреди Исмаил.

Инаку, Исмаил бил удрен од Дудуш на ромски бал кој во минатата година се одржал во хотелот „Александар палас“, како што беше наведено во тужбата, а уште тогаш тој најави дека ќе го тужи Дудуш и дека парите ќе ги донира.

Како главна причина за нападот Исмаил претпоставуваше дека е фактот што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, а Дудуш се обидувал да го спречи во тоа.

Обвинетиот градоначалник Дудуш, бранејќи се пред судскиот совет, пред една недела  рече дека настанот се случил во афектна состојба .

– Му се извинувам официјално. Ова немаше да се случи, да можам да го вратам времето – рече обвинетиот Дудуш.

А оштетениот Исмаил најави граѓанска тужба за парична оштета против Дудуш и дека  парите ќе ги донира за децата без родители.

А еве што денеска изјави Дудуш на Твитер:

Демо јадеше ќотек и ќутеше како пиќка, нека не “глуминела” сега – Куцо pic.twitter.com/iJypQK6JVU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...