Општина Шуто Оризари склучи договор за јавна набавка на два службени автомобили. Вкупната вредност е 32 илјади денари или 14.000 евра за едниот, а 18.000 евра за другиот автомобил.
Договорот за набавка денеска е објавен на сајтот за јавни набавки, а е потпишан од градоначалникот Курто Дудуш. Склучен по оглас објавен на 23 јули годинава.
Општината се одлучила за француски модел, едниот е „цитроен Ц3“, а другиот „цитроен Ц4“.
Возилата, според она што се барало во огласот, меѓу другото имаат задни светла со 3Д ефекти и радио со 7 инчен дисплеј на допир.