Купил стар кауч, а во него нашол десетици илјадници долари

По извесно време забележал дека едно од неговите перничиња воопшто не било удобно за седење.

407

Хауард Керби од Мичиген купил стар кауч во декември ланиод непрофитната организација „Habitat for Humanity ReStore“ за 70 долари. Тој не ни сонувал што ќе пронајде во него.

По извесно време забележал дека едно од неговите перничиња воопшто не било удобно за седење.

По три недели, тој и неговата сопруга го отвориле каучот и пронашле шокантна количина пари во него, околу 43.170 долари.

На момент Керби бил под искушение да ги задржи парите, но на крајот се одлучил против тоа.
„Што би направил Исус? Исус би му ги вратил на сопственикот – изјавил Керби за Еј-би-си.

Керби рекол дека не се чувствува добро чувајќи ги парите. Тој веднаш ја исконтактирал продавницата откаде што го купил каучот, а од продавницата потоа ги исконтактирале сопствениците на каучот. Се испоставило дека тоа била Ким Фот-Невбери.

Сопствениците на каучот дошле да ги земат парите. Тие изјавиле дека парите ги сокрил нивниот покоен дедо при што немале доволно зборови за да му се заблагодарат на Керби.

– Знам како е кога нешто ќе изгубиш и никогаш не го добиваш назад истото – изјавил Керби кој за овој добродушен чин добил многу пофалби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...