Купила нови панталони, се згрозила кога видела што има во џебот

Одлучила да ги облече за работа, a потоа во еден момент почувствувала во задниот дел задебелување.

1027
ФОТО: МИА

Пајтон Вилсон (20) од Вашингтон купила евтини панталони во американсиот синџир на продавници „Валмарт“.

Одлучила да ги облече за работа, a потоа во еден момент почувствувала во задниот дел задебелување. Бидејќи ги облекла првпат, знаела дека не ставила ништо во џебот.

Ја ставила раката внатре и зажалила. Во џебот имало искористен тампон завиткан во лист хартија искинат од нотес.

– Погледнав во џебот и видов парче хартија, помислив дека тоа е некоја порака. Кога го одвиткав, здогледав тампон и крв. Бев шокирана, кој нормален човек би го направил тоа – изјавила девојката за британски „Сан“.

Среќа во несреќата било тоа што Пајтон работела во лабораторија за анализа на крвта па во тој момент носела гумени ракавици.

– Секогаш ги перам новите панталони пред да ги облечам, а отсега добро ќе ги прегледувам и сите џебови – заклучила таа.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...