Земјата имаше ретка шанса да се упристои по многу основи, но за жал, шансата за СДСМ е пропуштена. Во оваа влада посилен впечаток на чесни професионалци оставија Царовска и Димитров, кои не се дел од СДСМ, отколку кој било нејзин претставник. Со своето чесно, одговорно и пристојно поведение од редовите на СДСМ предничеше Тевдовски, а се издвојува и Спасовски, вели во интервју за „Фактор“ актерката Софија Куновска која е и поранешна пратеничка од редовите на социјалдемократите.
Одлуката за изборите таа ја нарекува импулсивна.
– Импулсивната одлука за избори неодоливо потсеќа на тоа кога деца ќе се фатат да играат карти. Па ако не им се допадне развојот на играта ги фрлаат картите на масата и бараат да се измеша шпилот и наново да се поделат картите. Веќе видено. Чист груевизам. Вонредни избори се корисни само доколку земјата е во политичка криза. Се останато е политичка бахатост и личен интерес. Во минатото политичките партии продуцираа кризи за да се оди на избори, сега ладно ги прифаќаме вонредните избори како средство за нивните политички калкулации – вели Куновска.
Кога станува збор за реформите, пред сѐ, во правосудството, Куновска смета дека Македонија е во претполитичка ера.
– Нема да звучи престрого ако се рече дека правдата во Македонија е во претполитичка ера. Ние не сме ниту на почетокот на реформите во судскиот систем. За жал, расплетот со СЈО покажува дека не само што не е искористена можноста за напредок туку сме вратени многу чекори назад пред оформувањето на СЈО. Иста претстава, друга поделба. Рекетите се чувствуваа во воздухот, но тешко оди соочувањето со стварноста. Брзината и одлучноста во справувањето со „Рекет“ најгласно зборува за нивото на вклученост на високи функционери во аферите – вели Куновска.
Поранешната пратеничка зборува и за партијата, велејќи дека премиерот Зоран Заев го води СДСМ како акционерско друштво, а органите се безгласна гласачка машинерија.
Целото интервју на Куновска можете да го прочитате ТУКА.