Кумуцакос: Сакаме европско балканско соседство

176

Не се менува основниот стратешки стремеж на Грција да има европски Балкан во нејзиното соседство, секако за тоа е потребна соодветна работа од земјите кандидати за да ги исполнат европските предуслови, рече Јоргос Кумуцакос од Нова демократија на денешната средба со новинарите за неговите активности во изминатите четири години како надлежен за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, а во однос на Договорот од Преспа рече дека позициите на партијата се познати. Се задржа на европската иднина на земјите од регионот, а конкретно, за ЕУ перспективата на Северна Македонија и Албанија, надлежниот за надворешна политика во Нова демократија објасни и истакна дека станува збор за два различни случаја, а двете земји не одат во пакет.

– Секој случај се оценува посебно, не постојат парови за проширување – рече Кумуцакос.

Тој објасни дека е погрешна перцепцијата што постои дека ако едната земја започне преговори, треба тоа да важи и за другата и обратно, ако за едната земја не се даде зелено светло, нема да се даде ни за другата, бидејќи „не е иста ситуацијата во Албанија и во Северна Македонија”.

– Овие два случаја не се исти, временски коинцидираат, но имаат различни карактеристики. Друга е ситуацијата во Албанија, друга е ситуацијата во Северна Македонија. Сепак, нашиот стратешки стремеж останува оној што беше секогаш, сакаме европско балканско соседство – рече Кумуцакос на денешната средба со група грчки новинари и странски допиници во Атина, пренесе МИА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...