Кумуцакос: Коѕијас прифаќа дека Грција има иредентистички аспирации кон соседот

472

Логиката на идентификација на Грција и Скопје во прашањето со иредентизмот е неприфатлива и ги поткопува националните позиции, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија Јоргос Кумуцакос во реакцијата по вчерашната изјава на шефот на македонската дипломатија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кумуцакос упатува критики до грчкото МНР, поради изјавата на Никола Димитров на вчерашната прес-конференција со Никос Коѕијас, за делот во кој шефот на македонската дипломатија вели дека двете работни групи „практично го усогласија текстот за идната соработка во различни области и работеа исто така на текст за спречување на иредентизмот од двете страни“.

– Се чини дека министерот за надворешни работи ги прифаќа, иако индиректно, тврдењата на Скопје дека наводно Грција има иредентистички аспирации кон соседната земја. Логиката на заемност или идентификација на Грција и Скопје во прашањето со иредентизмот ги поткопува нашите стабилни национални позиции и е неприфатлива – вели Кумуцакос во пишаната изјава испратена до медиумите.

Воедно, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, бара грчкото Министерството за надворешни работи да одговори „за што има разговарано и за што се согласи со другата страна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...