Кумуцакос: Изјавите на Димитров ја потврдуваат штетноста на Договорот од Преспа

436

Изјавите на Никола Димитров ја потврдуваат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа, вели Јоргос Кумуцакос во реакцијата за пренесените ставови на шефот на македонската дипломатија пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија уште еднаш го повторува ставот на Нова демократија во однос на решението меѓу Македонија и Грција.

– Изјавите на Димитров во Европскиот парламент, за жал, доаѓаат да ја потврдат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа. Комбинацијата од името „Северна Македонија“, „македонски“ јазик и „македонска“ националност е идеална за развој на национализмот и иредентизмот на Скопје, вели Кумуцакос во неговата пишана изјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...