Кумановци, струмичани и ѓорчепетровци со протести против македонскиот Чернобил

328

„Со Максо да се сретнеме во парк, а не во болница“, „Диши ако смееш“, ова се само дел од пораките кои кумановчани ги испратија на денешниот протест поради проблемите со загадениот воздух, јави Алфа ТВ.

На протест денеска излегоа и струмичани и граѓаните на Ѓорче Петров.

Со Максо да се сретнеме во парк, а не во болница, како што гласи мојот транспарент. Нашите барања се да преземат нешто, воздухот да биде почист, да реагираат и да биде подобро за сите нас. Општеството треба да преземе нешто против загадувањето – порачаа од здружението на граѓани „Македонија сака да дише“, кои го организираа протестот.

Тие, подготвија и листа на барања со итни и долгорочни мерки. Долгорочните барања се 5 проценти од буџетот  на општината да се намени за мерки против загадување, интензивна гасификација, купување еколошки автобуси како и масовно пошумување на околината на градот.

Граѓаните на Ѓорче Петров порачаа дека не сакаат Чернобил во своето место на живеење и побараа да се отстрани депонијата што им го труе животот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...