Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе почне дистрибуцијата на решенија за присилна наплата на данокот на имот на физички и правни лица и фирмарина.
– Ги информираме даночните
Решенијата за присилна наплата на фирмарина, односно назив за деловна просторија веќе се пристигнат
– Доколку даночните обврзници кои се опоменати или на кои им е испратено решение за присилна наплата во меѓувреме го имаат платено долгот треба да се обратат во просториите на Општина Куманово, Сектор за даноци и такси со доказ за уплата на долгот – повика Стојановски.
Даночните обврзници кои немаат добиено решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба имаат обврска со соодветнтаа документација да се обратат во Општина Куманово, Сектор за даноци и такси, административна здрада на поранешен АД Козјак, наспроти Градскиот стадион, канцеларија број 3 и 10.
– Даноците и таксите се примарни приходи од кои се полни општинскиот буџет, основни приходи, од кои потоа се прават улици, сообраќајници, инфраструктура, градинки, школи, културни и спортски манифестации. Да си ги платиме давачките, тоа е наша законска обврска за да можеме сите заедно да ја градиме општината – вели Стојановски.