Кумановци од ВИП ложа прскале со алкохол и фрлале шишиња кон гостите во дискотека во Охрид

2524

Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица – две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле јавниот ред и мир.

Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП-ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време еден од нив почнал да фрла шишиња кон присутните.

И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња. Во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедувањето.

– Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...