Кумановци нападнале вработен во Градски паркинг, незадоволни од казната

450

Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од с.Љубодраг, кумановско,  физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје. Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената  казна за непрописно паркирање. Лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...