Кумановскиот огранок на ДУИ бара оставка од Ахмети

1042

Убиството на Наип Реџепи од Куманово во Мала Речица, еден од посериозните кандидати за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, предизвика голем револтот во Куманово. Кумановскиот огранок на партијата бара оставка од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој треба да понесе морална одговорност за убиството пред седиштето на партијата.

„Убиството на нашиот брат од страна на хиените жедни за власт…. најмалку што треба Али Ахмети да направи е морална оставка“, пишува на фејсбук статусот на ДУИ Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...