Кумановската полиција уапси затвореник кој избегал од затворот во Охрид

65

Кумановската полиција вчера го уапсила 22- годишниот Љ.М.,  кој бил баран по потерница од казнено-поправата установа Охрид, соопшти денеска СВР Куманово.

– По преземени мерки и активности од СВР Куманово, на 23 јануаир, во 16.15 часот, од слобода е лишен Љ.М. (22), кој се бараше по Потерница од Казнено-поправната установа Охрид – се наведува во соопштението на СВР Куманово

Љ.М. бил осуден на пет години и девет месеци затворска казна за сторени кривични дела од областа на имотни деликти, а на 12.декември минатата година, било  пријавено  дека избегал од Казнено-поправната установа Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...