Куманово ќе аплицира со проекти за прекугранична соработка со Бугарија

За овој повик обезбедени се седум милиони евра на ниво на Македонија, а се однесува на општините од севроисточниот, југоисточниот и источниот регион.

70

Општина Куманово, Фондацијата за култура и спорт, кумановската Библиотека и Центарот за развој на североисточниот плански регион ќе аплицираат за средства од прекугранична соработка на Бугарија и Македонија.

Како што информираа денеска надлежните од секторот за меѓунаордна соработка на општина Куманово, проектот на Фондацијата за култура и спорт се однесува на возобновување на кино-продукцијата, североисточниот поднесува апликација со бугарските општини Банско и Дупница за реконструкција на  постоечки објект во занаетски дом во село Пчиња, библиотеката за тетарски мост на културата, општината, пак, аплицира за реконструкција на Градската куќа.

– Станува збор за поранешниот хотел „Солун“ кој ќе биде опфатен со реконструкција, лоциран во строгото градско подрачје. Објектот ќе се реконструира од кров до темел и ќе се користи во понатамошен контекст на здружението кое е во зародиш – Асоцијацијата на македонските и бугарските прекугранични општини – изјави Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка.

За овој повик обезбедени се седум милиони евра на ниво на Македонија, а се однесува на општините од севроисточниот, југоисточниот и источниот регион. Крајниот рок за апликација е 11 мај, во оваа фаза се привршува потребната документација за да се аплицира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...