Куманово прогласен за град на спортот за 2019 година

181

Kомисијата за евалуација ACES Europe, денеска го прогласи градот Куманово за град на Спортот за 2019 година.

– Остваривме средба со Комисијата, а потоа имаше посета на неколку спортски настани и објекти, како и центарот за деца со посебни потреби. Од страна на општината беше изработена брошура и видео презентација за спортските активности, спортската инфраструктура и за спортските легенди во градот – вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Куманово е прв град во Република Македонија кој го има добиено ова престижно признание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...