Куманово и Нови Сад се збратимија

107

По повод одбележувањето на јубилејот – 500 години од постоењето на Куманово – потпишан е и договор за збратимување помеѓу Куманово и Нови Сад, објави Општина Куманово.

Договорот, чијашто цел е соработка во различни сфери од општествениот живот меѓу двете општини во Македонија и Србија, го потпишаа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и градоначалникот на Нови САД, Милош Вучевиќ.

– Свечениот чин на потпишување на Договорот за збратимување, беше одлична можност Градоначалникот Димитриевски да ги поздрави и сите присутни членови на бројните делегации, кои пристигнаа во Куманово по повод 11 Ноември, празникот на нашиот град – велат од општината.

Градот Нови Сад и Општина Куманово ќе воспостават соработка во областа на културата, науката, образованието, туризмот, спортот, во реализација на програми во областа на социјалната заштита, урбанизмот и комуналната дејност.

– Пријателството кое трае веќе долги години денес формално го потврдивме. Посебна чест ни е тоа што го потпишавме овој договор баш во рамките на одбележувањето од 75 години од ослободувањето на Куманово во Втората светска војна и 500 години од постоењето на овој град – рече Вучевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...