Кумановци денеска ги одбележаа Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Во чест на Денот на Европа „Негуваме исти вредности” во Занатски дом денеска настан организираше ЕУ Инфо Точка при Општината Куманово, а него се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски. Тој зборуваше за значењето на денешниот ден и придобивките од ЕУ проектите за општината.
Покрај него, присуствуваа и претседателката на општинскиот совет, Атина Мургашанска, советници, директори на јавни претпријаија и јавни установи, директори на основни и средни училишта и ученици. Учениците СОУ „Наце Буѓони”, ООУ „Јероним Де Рада” и Гимназијата „Гоце Делчев“, пак, приредија богата музичка програма.
По повод Ден на победата над фашизмот, пак, на спомен Костурницата градоначалникот, делегации од Општината, од АРМ и други положија свежо цвеќе. Димитриевски на овој настан и на настаните кои се случија на 9 мај 2015 година во Куманово.