Кумановка, со иницијали М.Ј. (32), која беше пријавена за исчезната, вчера самата се вратила дома.
– М.Ј. појаснила дека била во Хрватска во посочениот период – соопшти МВР.
Случајот во полицијата минатата недела го пријавил нејзиниот сопруг. Од СВР Куманово изјавија дека жената имала здравствени проблеми поради што таа и претходно се оддалечувала од домот, па се враќала.