Кумановец на Фејсбук повикувал на насилство кон пратеници, заработи кривична

143

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од кумановското село Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, на негов профил на социјалната мрежа фејсбук објавил текст со заканувачка содржина со кој повикувал на насилство кон пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...