Културно лето Карпош од 29 до 31 август

676

Од 29 до 31 август (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Културно лето Карпош 2019. Станува збор за традиционалната културна манифестација, која оваа година ќе се одржи на две различни локации: плоштадот „Делфина“, во Влае 2 и платото на „Млечен“ (пред „Ли“ кафе), во урбаната заедница Владо Тасевски.

Како и минатата година, и оваа, Општина Карпош одлучи да стави акцент на домашните изведувачи, на докажани музички имиња, но и на нови, млади артисти кои со својот талент и музикалност веќе ги придобиваат симпатиите на целокупната јавност. Оваа тридневна манифестација нуди програма за сите генерации, за најмладите, тинејџерите и повозрасните.

Четврток, (29.08.2019), на плоштадот „Делфина“ ќе биде првата првата Карпошова културна вечер, на која ќе се прикаже детската претстава „Зеленковци“, која има едукативен карактер, со порака за заштита на животната средина, а во изведба на „Театар комедија“.

На првиот ден, во музичкиот дел од вечерта, ќе настапат и Гуру Харе, Антониа Гиговска, Мики Јовановски – Џафер и Емилија Колоска. Вториот ден од програмата исто така ќе биде на плоштадот „Делфина“, а ќе започне со пергормансот на „Петко 5+ и Фамилијата“, а ќе продолжи со настап на меѓународен хор кој ќе изведува светски хитови (од Битлси, Queens и др.). Вечерта ќе биде заокружена од страна на нашата позната музичка група НОКАУТ.

Третиот ден, затворањето на годинешното COOLТУРНО ЛЕТО КАРПОШ 2019 ќе биде на платото на „Млечен“. Предвидена е програма за тинејџерите, со настап на Марко Маринковиќ – Слаткар и перформанс на GP и Steffonator. Исто така, вечерта ќе настапат и Александар Митевски & Дац, а манифестацијата ќе биде затворена во поп – рок  стил, со перформанс на Дани Димитровска и нејзиниот бенд.

Програмата ќе ја води познатиот водител Жарко Димитроски (Жаре Еден на Еден). Општината ги повикува сите граѓани да го посетат тридневниот настан и да уживаат во пријатна атмосфера и забава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...