Култура останува кај Гаши, Тачи не открива што договорил со Заев

1177

Финишираат последните консултации пред реконструкцијата на владиниoт кабинет. Премиерот Зоран Заев денеска се срертнал со лидерот на ДПА Мендух Тачи, а разговарал и со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, потвдуваат владини извори.

Според изворите, култура најверојатно ќе остане кај Алтернатива, додека од партијата на Тачи нема информации дали Бардуљ Даути останува министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Информацијата за средбата Заев – Тачи, е објавена на Фејсбук профилот на ДПА, без детали од разговорите.

– Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, изутринава во седиштето на Владата оствари работна средба со премиерот Зоран Заев, пишува на Фејсбук профилот на ДПА.

ДУИ веќе потврди дека со реконструкцијата кај нив ќе биде опфатен 60 отсто од првиот владин ешалон, односно од пет ќе има промени кај три ресори. Плусинфо  веќе објави дека од Илинденска ќе замине вицепремиерот за Рамковниот Хазби Лика. На негово место лидерот Али Ахмети му предложил на Заев да седне Садула Дураку. А на позицијата на Дураку во животна средина да дојде нов министер, банкарот Насер Нуредини, син на познатиот бизнисмен од Австрија Аки Нуредини.

НДП на Весел Мемеди ќе остане без ресорот локална самоуправа, каде треба да седне лидерот на ЛДП Горан Милевски, додека НДП треба да добие министерство без ресор. Промена ќе има и кај министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ кој најверојатно ќе добие директорска позиција.

Засега најголема тајна остануваат смените на министрите на СДСМ, освен министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој го напушта ресорот откако е избран за генерален секретар на СДСМ. Дамите во Владата, пак, извесно е дека ќе си ги задржат позициите, како што најави и самиот Заев. Ова ќе значи дека од СДСМ остануваат за смена само мажите. Од нив најмногу се шпекулираше дека министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде сменет од директорката на УЈП Сања Лукаревска. А, можна е смена и на министерот за транспорт Горан Сугаревски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...