Кукан: Тоа е почеток на процес, но претставува многу значаен чекор напред

„Би сакал да им честитам на оние кои го поддржаа преспанскиот договор, кои покажаа лидерство и гласаа за европска иднина на нивната земја“, напиша Кукан на Твитер.

102

Добри вести од Македонија пристигнаа доцна синоќа, напиша европратеникот Едвард Кукан, откако синоќа Собранието со дветретинско мнозинство ја почна процедурата за уставни измени согласно Преспанскиот договор.

„Тоа е почеток на процес, но претставува многу значаен чекор напред. Би сакал да им честитам на оние кои го поддржаа преспанскиот договор, кои покажаа лидерство и гласаа за европска иднина на нивната земја“, напиша Кукан на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...