Кувелис: Рано е да се тврди дека преговорите за името се завршени

450

Прерано е да се тврди дека преговорите меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија за спорот за името се завршени, изјави грчкиот алтернативен министер за одбрана Фотис Кувелис, коментирајќи ги информациите дека разговорите меѓу Атина и Скопје се во застој.

– Би било непотребно избрзано да се објави крај на овие разговори и преговори – рекол Кувелис за време на церемонија во воздухопловната база на грчката армија во Триполи, пренесува „Катимерини”.

– Нашата земја сака да има решение и точките кои ги постави се неопходни услови кои гарантираат добар резултат, ако се прифатат од соседната земја – вели Кувелис.

Претходно, денеска владин претставник во Атина изјави дека двете страни се оддалечуваат од решение бидејќи „Скопкје се чини не е подготвено да одговори на предлозите за кои зборуваа двајцата министри за надворешни работи во Брисел”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...