Куба ќе ја водат нова генерација политичари, насоката останува иста

Се укажува дека наследник ќе биде првиот потпретседател Мигел Дијаз-Канел (57) втор човек во Куба во изминатите пет години.

220

Со изборот на нов претседател в четврток, Раул Кастро ќе ја предаде должноста на свој наследник – прв шеф на држава по шест децении кој нема да биде од неговата фамилија. Но, очекувањата се дека нема да се видат големи реформи.

Се укажува дека наследник ќе биде првиот потпретседател Мигел Дијаз-Канел (57) втор човек во Куба во изминатите пет години.

Ужива углед на влијателен прагматичар и го паметат дека во 2013 година ги советувал пратениците „да го слушаат народот и да се грижат за неговите проблеми“.

Дијаз-Канел заговара континуитет на социјалистичката револуција и затоа не треба да се очекува дека ќе биде голем реформатор.

Дијаз-Канел нема револуционерно педигре, и во својот мандат ќе мора да покаже дека е способен за поттик на кубанската економија.

Неговиот избор за претседател би бил прва смена на генерации на власт од револуцијата. Станува збор за луѓе кои ќе преземат водење на државата од рацете на некогашните герилци предводени од браќата Кастро – Фидел и Раул кои го соборија диктаторот Батиста во 1959 година.

Од револуцијата во 1959 година Куба имаше само една транзиција на власта – во 2006 година кога Фидел Кастро му ја предаде власта на својот брат по повеќе од 40 години на власт.

Фидел почина десет години подоцна и сега Рaул (86) треба да ја предаде власта на претставник на новото време кој в четврток ќе го избере парламентот.

Дијаз-Канел е политичар кого го сметаат за доверлив човек на режимот, комунист кој трпеливо се качувал по партиските степеници и со консензус е избран за наследник на Кастро. Во 2003 година станува најмлад член на Политбирото и шест години подоцна и министер за високо образование, а во 2013 и потпретседател.

Во врска со Мигел Дијаз-Канел, Раул нагласи во 2013 година кога го именуваше за потпретседател : – Другарот Дијаз-Канел не е придојден ниту е некој непланиран.

Таа изјава е одраз дека довербата во заменикот, своја десна рака и верен следбеник на партиската доктрина.

Познатата блогерка Јоани Санчез ги опиша изборите како „процес што е организиран така што ништо не се менува“.

Меѓу помладите политичари кои ќе преземат клулчни улоги во новата влада се и поранешниот министер за економија и планирање Марино Муриљо, министерот за здравство Роберто Моралес и министерот за надворешни работи Бруно Родригез.

Дури и ако новите челници се противат на големи промени, ќе мора да внесат значителни подобрувања во животот на Кубанците за да ја зајакнат својата власт, велат аналитичари.

– Спротивно од своите претходници кои моќта ја темелеа на револуционерното педигре, Дијаз Канел ќе мора да изгради свој легитимитет врз основа на сопствените потези, смета Маргарит Хименес, од американскиот весник Форин Афеарс.

Новиот претседател ќе мора да се соочи со големи предизвици и меѓу нив е поттик на економијата која бележи пад од 0,9 отсто во 2016 година и зголемување од само 1.6 отсто лани. Куба ќе мора да привлече 2,5 милијарди долари странски вложувања во туризмот и тоа е еден од главните извори на приходи како и во други сектори од економијата ако сака опоравување, наведува владата.

Просечната плата во Куба е само 30 долари.

Дијаз-Канел ќе мора да вози низ различни станици во самата партија која не е единствена во стратегијата како да се поттикне економскиот раст, а тоа го вклучува и приватниот сектор.

Во 2017 година на Куба имало 4,7 милиони туристи и туризмот поттикна развој на приватен сектор во кој се третина од работната сила, според податоци на WOLA со седиште во Вашингтон.

Појавата на приватен сектор почна да создава општествена нееднаквост што потекнува од двојниот девизен курс на Куба која има песо Кубано и конвертибилен песо поврзан со доларот. Пред наследникот на Кастро ќе биде и задачата да се обединат двете валути и станува збор за акција што се планира со години.

– Раул Кастро остава систем што е и стабилен и кревок, со сериозни проблеми за одрживост, вели аналитичарот Артуро Лопез Леви.

Новите кубански лидери ќе мора да се позанимаваат и со слободата на изразување што е силно ограничена.

Дијаз-Канел наведува дека би можел да прошири пристап до интернет што е еден од најлошите во регионот.

Сепак, Раул Кастро ќе остане шеф на Комунистичката партија и ќе има силно влијание врз армијата. Кога стана претседател рече дека Кубанците ги чека „економска битка“ и дека нивното преживување зависи од подготвеноста да се исправат грешки стари со децении.

– Или ќе потонеме или ќе се исправиме. Немаме време за стоење на провалија, изјави тој во 2010 година.

Оттогаш отвори врата за умерено привано претприемништво, но со стратешките делови од економијата во рацете на државата.

Никнаа ресторани што ги водат семејства, продавници за храна, филмови и носачи на звук, работилници за поправка на електрични апарати што се дел од преобразбата на Куба. Законски се дозволени приватно продавање куќи и автомобили, а граѓаните може да поседуваат мобилни телефони, а земјоделците да имаат свое обработливо земјиште.

Со тогашниот американски претседател Барак Обама во 2014 година договори ослободување голем број политички затвореници во замена за воспоставување дипломатски односи, прекинати повеќе од пет децении. Обама ја посети Хавана во 2015 година.

– Нема да има обнова туку тоа ќе биде континуитет, изјави претходно минстерот за надворешни работи Бруно Родригез.

Кастро ќе ја напушти и партијата на следниот конгрес во 2021 година кога ќе наполни 90 години.

Минатата година Дијаз-Канел зазеде цврсти ставови истакнувајќи дека еднопартискиот систем ќе продолжи и дека и понатаму ќе доминира централно планираната економија.

ФОТО: принтскрин/видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...