Кубацки се закити со трофејот победник на „Четири скокалници“

Претходно овој трофеј кој се доделува на победникот на „Четири скокалници“ го освоија неговите сонародници Адам Малиш и Камил Штох.

116

Полскиот ски-скокач Давид Кубацки го освои трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако вечерва го освои првото место во Бишофсхофен.

На претходните три етапи од турнејата, Кубацки еднаш беше втор и два пати трет.

Кубацки вечерва оствари скокови од 143 и 140,5 метри за вкупно 300,9 бода.

Втор беше Карл Гајгер од Германија со скокови од 140 и 136 метри, а трет Маријуш Линдвик од Норвешка со 139 и 137 метри.

Дваесет и деветгодишниот Кубацки е трет полски натпреварувач кој стигнал до „Златниот орел“.

Претходно овој трофеј кој се доделува на победникот на „Четири скокалници“ го освоија неговите сонародници Адам Малиш и Камил Штох.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...