КСС: Откако се расипал виљушкарот, работниците на раце носат метални ролни од 1.500 кг

605

Конфедерацијата на слободни синдикати обвини дека во фабриката за опрема и делови ФОД ДООЕЛ Новаци е настаната хаварија на виљушкар поради што работниците се принудени рачно да пренесуваат метални ролни кои тежат и до 1.500 килограми.

„Ваквата хаварија и неможност да се оспособи истиот, раководството ги малтретира и врши притисок врз работниците со рачно пренесување на материјалот и готовите производи. Како за појаснување се работи за товар и растовар, пренос на материјал до машините за изработка кој не е воопшто лесен. Се работи за метални ролни кои достигнуваат тежина и до 1.500 кг. Цел тој товар повеќе пати во текот на денот работниците се приморани да го пренесат рачно како не би дошло до застој на производството“, се наведува во денешното соопштение од КСС.

Оттаму обвинуваат дека раководството презема и репресивни мерки кон работниците кои се членови на синдикатот со цел да ги заплаши и присили да се отчленат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...