Таа станала сопственичка на титулата „Мис Универзум класик 2020“ (Mrs. Universe Classic 2020), во која учествувале жени постари од 40 години.
Гинекологот Ксенија Вербитскаја (43) од Санкт Петербург станала победничка на натпреварувањето „Мис Универзум класик 2020“ одржано во Бугарија.
Мајката на четири деца е прогласена за најдобра од 36 учсницички. Една од пациентките ја пријавила да се бори за титулата најубава омажена жена. Ксенија сега ветува дека нема да престане со работа, и покрај победата.
Таа станала сопственичка на титулата „Мис Универзум класик 2020“, во која учествувале жени постари од 40 години. На натпреварувањето кое било одржано на 21 јануари во Софија, победила од 36 конкурентки.
Пред неколку години една пациентка ја советувала да учествува на натпреварување за убавина, но во тој момент таа не можела да се натпреварува бидејќи била бремена со четвртото дете.
Во финалето на натпреварувањето, Ксенија победила појавувајќи се на бината во црвено-бела тоалета, а ја извела шпанската песна “Besame Mucho” во натпреварот за таленти.
„Ме преплавија емоции! Им се заблагодарувам на сите мили личности. Ги чувствувам вашата љубов и поддршка! Ви благодарам“, им се заблагодарила Ксенија на Инстаграм на сите кои ја поддржале.
Натпреваувањето за Мис Универзум се одржува од 2007 година. Прв пат се одржало токму во Бугарија – во организација на Mrs. Universe LTD.
На ова натпреварување може да учествуваат жени од сите земји на светот – омажени, разведени или вдовици – на возраст од 18 до 55 години.
FOTO: Instagram/Printskrin