Меган и Хари ја одржаа крштевката на својот син Арчи, во приватна капела во Винздор замокот. Првите фотки од крштевката се објавени на официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Сасекс. Од официјалниот портрет отсуствува кралицата Елизабета.
Церемонијата била интимна и биле присутни само најблиските роднини на кралскиот пар.
Малиот Арчи кој е роден на 6 мај, бил крстен во реплика од традиционалниот фустан кој го носат сите кралски бебиња во последниве 11 години, додека оригиналот е дел од кралските традиции од 1841-ва година.
.