Во Крушево и Пелагонискиот регион од 9 до 21 јули ќе се одржи 20-то Европско првенство во змајарство класа 1 (Hanggliding) и 8-мо Светско Првенство во змајарство класа 5 (Rigid wings)во дисциплината крос кантри, информира Агнецијата за млади и спорт.
Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп, село Кривогаштани и регионот на Битола се предвидени местата за слетување и крај на трките.
Во овој периодот Пелагонискиот регион, а посебно Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.
Овие две големи првенства ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.