Крушево утре ќе одбележи уште еден роденден на Тоше

392

Во Крушево утре ќе се одбележи уште една годишнина од раѓањето на Тоше Проески.

Претпладне, во 11.30 ќе се положат цвеќиња на вечното почивалиште на Тоше, а од 12 часот ќе започнат низа настани во неговата спомен куќа.

Манифестацијата ќе започне со настап на Сотираки Чакалар, обраќање ќе има и градоначалникот на општина Крушево, потоа ученици од „Наум Наумовски Борче“ ќе читаат извадоци од песните на Тоше. Според агендата, настап треба да има и Марија Котеска, а по неа се обрати директорот на спомен куќата, ќе се доделуваат награди и благодарници, а на крај манифестацијата ќе заврши со настап на Елена Ристеска во чест на Тоше.

Организатори на настанот се: Општина Крушево, Спомен куќа „Тодор Проески, Меѓународна фондација „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...