Новиот јапонски цар Нарухито беше крунисан пред повеќе од 2.000 лица и владини претставници од 170 држави.
Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години.
Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства.
Нарухито е и првиот цар кој студирал во странство.
ФОТО: EPA / KIMIMASA MAYAMA