Крунисан тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн

68
FOTO MIA

Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн (66) денеска, на свечена церемонија, е крунисан, по повеќе од две години откако го презеде тронот.

Круната му ја предаде хиндуски свештеник, кој ја предводеше будистичко-хиндуистичката церемонија.

Кралот ја стави круната, која е стара 200 години, обложена со дијаманти, а висока 66 сантиметри и тешка 7,3 килограми.

Предавањето на круната на кралот е трет дел од финалната фаза на крунисување, а за време на втората фаза, позната како „Кралска церемонија на помазание“, тој доби целосна кралска моќ.

По крунисувањето, првата работа што ја направи беше претставувањето на неговата сопруга Сутиде Вајиралонгкорн како кралица на Тајланд.

Принцот Маха беше прогласен за нов крал на Тајланд на 1 декември 2016 година, педесет денови по смртта на неговиот татко, кралот Бумибол Арулинадеј.

Одлуката за тоа беше соопштена од претседателот на тајландскиот Парламент, откако принцот Маха и формално се согласи да се искачи на престолот.

Маха е устоличен како крал Рама Десети, десетиот монарх од династијата Чакри.

Неговиот татко, кралот Бумибол, почина на 90-годишна возраст, отако 70 години беше на тајланскиот престол, најдолго од кој било друг монарх во светот.

За разлика од таткото, синот ја нема неговата популарност во домашната јавност, што се објаснува со неговите долги престои во странство, за школување и дообразување.

Кралот во Тајланд нема никаква политичка улога во земјата, но за Тајланѓаните, тој претставува темелот на единството, обединувањето и стабилноста на земјата.

ФОТО МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...