Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев изјави дека постои можност исклучените осум пратеници кои гласаа за уставните измени да се вратат во партијата, еден од нив, Крсто Мукоски за „Независен весник“ изјави дека не размислувал за враќање.
– Искрено, не сум размислувал за мое враќање во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа не можам да го коментирам ставот на Мицкоски – вели Мукоски за „Независен весник“.