Крсто Мукоски е еден од петтемина обвинети за „крвавиот четврток“ кои вчера поднеле барање за амнестија во кривичниот суд.
Покрај него вакви барања вчера поднеле и Никола Митревски-Кољо, кој на крвавиот четврток носеше фантомка, Оливер Радулов, кој е вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки како и Младен Додевски.
Адвокати на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.
Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.