По бегството на крокодилот Ганко од своето живеалиште и преспивањето кај патките почна да се поставува нова ограда.
Крокодилот излегол од живеалиштето, бидејќи оградата била оштетена и сега се поставуваат нови сигурносни огради на живеалиштата, велат од Зоолошката градина.
Во вторникот вечерта крокодилот Ганко избегал од живеалиштето и влегол во езерото кај патките. Бил најден во езерото со патките во средата наутро, кога вработените дошле на работа и потоа повторно бил вратен во своето живеалиште.
Во Зоолошката градина има два крокодила, мажјак Ганко и женка Тина.