Кровот на студентскиот дом „Кузман“ како депонија ФОТО

843

Утрово Државниот студентски центар (ДСУ) организираше акција за чистење, во чии рамки беше исчистен отпадот од кровот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.

„Се повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината. Јавната хигиена во студентските дворови е резултат на заедничка грижа за животната средина. Исто така, Државниот студентски центар потсетува дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти“, наведуваат од ДСУ.

Во интерес на безбедноста на студентите, велат оттаму, во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди, веруваат оттаму, ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...