Криштоф Дугари: Барселона е клуб на кловнови без стил

312
ФОТО: EPA / ANDREU DALMAU

Поранешниот член на Барселона, Криштоф Дугари упати остри критики на адреса на субјектот од „Камп Ноу“. Французинот, кој играше за Каталонците во сезоната 1997/98, говори без влакна на јазикот за случувањата во клубот по поразот од Атлетик Билбао во Купот на Шпанија.

– Тоа е клуб на кловнови во кој се работи наопаку. Го купија Кутињо, го купија Дембеле, купуваат фудбалери, па ги продаваат. Се добива впечаток дека нема визија во клубот. Во секој преоден рок се јавува некој проблем. Многу лоши трансфери се направени по заминувањето на Чави и Иниеста, а се потрошија многу пари – вели 47 годишниот Дугари.

Каталонците моментно се втори на табелата во Примера со три бода помалку од Реал Мадрид. Во недела ги очекува гостување во Севилја кај екипата на Бетис.

– Над сè, имаат многу лош имиџ. Таму има премногу луѓе кои немаат манири и стил за величина каква е Барселона која сега е клуб без стил – додаде Французинот.

ФОТО: EPA / ANDREU DALMAU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...