Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на велеслаломот на Светското првенство во шведски Оре. За норвешкиот скијач ова е прв мундијалски медал.
Воедно, Кристоферсен на својата земја и го донесе шестиот златен трофеј од Светските првенства.
Времето на победникот по двете трки изнесуваше 2:20.24 минути, односно 20 стотинки побрзо од големиот фаворит Марсел Хиршер од Австрија.
Третото место и бронзениот медал се за водечкиот по првата трка, Французинотр Алексис Питуро кој забележа вкупно време 2:20.66.
На денешното натпреварување се појави и македонскиот скијач Лука Божиновски кој заврши на 63.место по првото возење и не обезбеди учество во втората трка каде се квалификуваа првите 30.
До крајот на Мудијалот во алпско скијање во Оре остануваат уште слаломските трки во женска и во машка конкуренција предвидени да се возат утре и задутре.
Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ