Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Тетово поднесе кривична пријава против тројца вработени на Државниот универзитет во Тетово. Поднесена е кривична пријава против Р.Ф., раководител на Центарот за информатички технологии, М.В., советник за информатички и компјутерски технлогии и Ѓ.А., соработник за за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ. Тие се сомничат за „несовесно работење во службата“.
Според Финансиската полиција, Р. Ф., М. В. и Ѓ.А. несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности со што го оштетлите буџетот на ДУТ за пет милиони денари.
„М.В. и Ѓ.А. на 22 декември 2016 година, по добиена наредба од Р.Ф., потпишале и потврдиле прием, имплемантација и овозможиле плаќање на интегриран информациски систем кој потоа воопшто не бил ставен во функција. Со тоа предизвикале штета врз буџетот на ДУТ во вкупен износ од 5.009.188 денари“, информира Финансиската полиција.