П.П.(21) и С.М.(19), двајцата од Скопје кои предизвикаа пожар во угостителски објект на улица Дане Крапчев во Скопје добија кривична пријава од полицијата.
Во пријавата до Основно јавно обвинителство – Скопје полицијата ги сомничи дека сториле две кривични дела. П.П. сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“, Неговиот пријател С.М. сторил кривично дело „помагање“.
Полицијат соопшти дека двајцата на 26-ти минатиот месец околу 02,50 часот подметнале пожат во угостителски објект сопственост на С.Б..
„П.П. го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот“, стои во соопштението.
Полицијата извршила претрес во домовите на двете лица и ги уапсила. При разговорот во полицијата С:М. го признал делото и раскажал како го запалиле објектот.