Поднесена е кривична пријава против 17-годишниот Б.А. од село Голем Папрадник, кој барал пари од малолетничка за да не објави експлицитни фотографии. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во текот на декември 2018 година, пријавениот во повеќе наврати се заканил на малолетна девојка, со која претходно бил во љубовна врска, дека доколку не му даде одредена сума на пари, на социјалните мрежи ќе објавел фотографии со експлицитна содржина – велат оттаму.