Кривична против цариник од Куманово

631

Кривична пријава против цариник во царинска испостава „Табановце“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот С.К. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 31.05.2018 година околу 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“, пријавениот извршил преглед над лицето А.С.(61) од Република Србија, кој пешки ја поминувал границата помеѓу Република Македонија и Република Србија. Притоа, пријавениот му одзел два паричници (во едниот имало само српски динари, а во другиот само швајцарски франци) и без присуство на А.С. или друг цариник, извршил проверка на паричниците во службена просторија и од едниот одзел 1.000 швајцарски франци – велат од МВР.

Обвинетиот без присуство на друг цариник, во службената просторија извршил преглед на А.С.. Откако не утврдил неправилности, без изготвен записник, го ослободил човекот.

– Кога пристигнал во Република Србија, човекот забележал дека му фалат 1.000 швајцарски франци. Повторно се вратил на Граничниот премин Табановце и го известил пријавениот дека му фалат пари. Но, обвинетиот не го пријавил настанот, туку му наредил на А.С. да ја напушти Република Македонија. На 20.06.2018 година оштетениот го пријавил настанот во СВР Куманово – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...